Компанија со дејност во металопреработувачката индустрија која нуди изработка на секаков вид на делови и склопови, од најразлични видови на метал, како што се челик, нерѓосувачки челик или инокс, алуминиум, месинг, бакар, бронза и скоро сите видови на пластика. За обработка на материјалите се применуваат високо прецизни CNC машини со постапките на глодање, дупчење, отсекување и стругање. Се изработуваат најразлични форми на резервни делови по даден работилнички цртеж.
Нашиот инженерски тим го користи софтверoт Autodesk Inventor Profesional, кој нуди најсовремени решенија при дизајнирање на 3D модели како и CAM поддршка во која се изработуваат програмите потребни за обработка на деловите на најбрз и најквалитетен начин.
За таа цел се користат најквалитетни алати и помагала од најпознатите светски производители на алат како што се брендовите Kennametal, Walter, Mitsubishi, Tungaloy, Iscar, Sandvik Coromant и сл.
Затоа задолжително го контролираме секој производ. Прецизната обработка и строгите толеранции ни наметнуваат да ги користиме најпрецизните мерни инструменти на јапонскиот бренд Mitutoyo.